Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Последен настап за Кире и Жути, ракометарите на чекор до мундијалски пласман

/

пред 1632 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација го одржа последниот тренинг пред одигрувањето на реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство со Чешка.

Во првиот меч пропуштивме шанса да го декласираме противникот и во утрешниот натпревар почнуваме од “нула” откако во Злин игравме без победник 24:24.

На утрешниот натпревар од настапите во националниот тим се простуваат капитенот Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, а членовите на националниот тим во еден глас потврдуваат дека ќе сторат се да забележиме победа и во А1 арената Борис Трајковски да се прослави нов пласман во завршницата на Светското првенство.

ФОТО: Игор Паневски