Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јетон Шаќири е предлогот на ДУИ за министер за администрација

/

пред 2233 дена

Сподели преку :

Јетон Шаќири е предлогот на ДУИ за министер за информатичко општество и администрација. Тој е професор на меѓународниот универзитет во Струга.

Со ова се комплетирани кадровските решенија во идната влада.

ДУИ, во средата ги објави предлозите за имињата на идните министри, а за министерството за информатичко општество и администрација од партијата рекоа ќе одлучат дополнително.

Некои медиуми пишуваа дека на ова место треба да дојде досегашната заменичка –министерка во министерството за финансии, Ширет Елези.

Рокот за поднесување на предлогот за избор на нова влада истекува на втори септември.

Се очекува, идната недела да биде закажана седница за избор на новата влада.