Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинска армија: Русија се обидува да ја пробие нашата одбрана, ние го соборивме нивниот авион

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Украинската армија во новиот разузнавачки извештај тврди дека руските сили спроведуваат „агресивни акции“ со цел да воспостават целосна контрола врз источните региони Доњецк и Луганск.

Руските сили продолжуваат да пренесуваат оружје и воена опрема во Украина од централните и источните региони на Русија и делумно го блокираа градот Харков во североисточна Украина, се вели во извештајот.

„Главниот фокус на руската армија е да ја пробие украинската одбрана во регионите Луганск и Доњецк, како и да воспостави целосна контрола над јужниот пристанишен град Мариупол. Русија продолжува да ја користи белоруската територија за да изврши воздушни напади и извидување во Украина “, напиша украинската војска.

Тие исто така тврдат дека 810-та одделна бригада на маринци на Црноморската морнарица изгубила 158 војници, околу 500 се повредени, а 70 лица се водат како исчезнати.

„Украинските сили уништија 10 тенкови, 18 единици оклопна опрема и осум единици автомобилска опрема во последните 24 часа“, се вели во извештајот.

Тие наведуваат и дека украинските воздухопловни сили во понеделникот погодиле седум цели – еден авион, четири дронови и две крстаречки ракети.