Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бомба експлодира во автобус кој пренесувал затворски чувари во Бурса – властите сметаат дека станува збор за терористички напад

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Бомбашки напад се случи за време на минување на службата на затворските чувари во Бурса. Според првичните информации, во инцидентот загинало 1 лице, а 4 се повредени.

Голем број тимови беа насочени во областа Јени Караман на патот Бурса-Мудања.

 

„Сметаме дека рачно изработената бомба оставена на дното на столбот за струја при минување на затворското возило е активирана со далечински управувач. 1 лице загина, 4 повредени, од кои еден е потешко повреден. Ги очекуваме да пристигнаг министрите за внатрешни работи и за правда во Бурса. Инцидентот го оценуваме како терористички напад“, изјави гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат.

 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во тек е истрагата за откривање на сторителите.

„Еден од нашите затворски чувари беше убиен при активирање на бомба со далечински управувач додека чуварите минуваа на патот Бурса-Мудања“, изјави Сојлу.

„Во тек е истрага за откривање на сторителите. Посакувам Божја милост за починатото лице и брзо закрепнување на другите повредени“, додаде Сојлу.