Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Хаити мал авион се урна на прометна улица, загинаа најмалку шест лица

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Мал авион се урна денеска на прометна улица во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, при што загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и пилотот.

Авионот полетал од аеродромот Порт-о-Пренс кон градот Жакмел на Хаити, а по дваесет минути пилотот испратил предупредување дека моторот им се расипал, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Џуд Едуард Пјер, градоначалник на Карфур каде што се урна авионот, изјави дека шест лица загинале.

Премиерот Ариел Хенри на Твитер им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од несреќата на кои се гледаат телата на загинатите, се чини дека настрадале главно случајни минувачи.