Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИХФ потврди: Македонија ќе биде домаќин на СП за ракометарки до 18 години

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

Ракометната федерација во вторникот на Управниот одбор ја најави организацијата на Светското првенство за кадетки, а денеска стигна и официјална потврда од Интернационалната ракометна федерација дека Скопје ќе биде домаќин на овој турнир.

Мундијалот за ракометарки до 18 години ќе се одржи летово од 30 јули до 10 август, а ќе се игра во главниот град и тоа во арената „Борис Трајковски“, потоа и во двете сали во „Јане Сандански“. Првочно организатор на овој турнир требаше да биде Грузија, но оваа земја се повлече поради геополитичките проблеми предизвикани од воената инвазија на Русија на Украина.

„Ве информираме дека Советот на ИХФ на 19 април донесе одлука да ја ослободи Грузија од организацијата на СП за ракометарки до 18 години и да го додели настанот на Ракометната федерација на Македонија“, стои во дописот од ИХФ.

Ова е втор голем настан на кој Македонија ќе биде домаќин годинава, бидејќи тука е и сениорското женско Европско првенство на кое сме кодомаќини заедно со Црна Гора и Словенија.