Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трговците празнично ги зголемија цените кои и онака беа високи

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Високите цени на производите , поради празнициите станаа уште повисоки. Граѓаните ја забележуваат разликата во споредба со изминатите неколку дена. Велат тоа што било скапо, сега е  уште поскапо и е нов ценовен шок за нивниот тенок семеен буџет.  За да ги обезбедат основните работи за Велигден,  пресметале дека се потребни  повеќе од 3.000 денари. Велат ова се многу пари и сериозен товар за многу домаќинства.

И трговците потврдија дека во споредба со лани производите ги продаваат по повисоки цени.

Кога ќе дојде до стабилизаицја на цените , според експертите е  многу тешко да се предвиди. Но, се надеваат  на постепено релаксирање на состојбата од есен.

Според последните податоци на статиситката,  просечната плата во земјава достигна речиси 500 евра.  Но,  од синдикатите велат дека високите цени  ги топат платите.  Ниту со две минимлани плати, едно домаќинство не може целосно да ги покрие основните трошоци.

Во изминатиов период, значително пораснаа цените на речиси сите производи. Поскате зејтинот, брашното , лебот и другите основини продукти. Поради тоа државата донесе одлука на одреден период да се продаваат без профитна маржа. Но, и покрај ваквите мерки , статистика  измери раст на трошоците на живот  за 8, 8 проценти во март годинава во споредба со март лани. Кај цените на мало пак зголемување има за речиси 10 отсто. Аналитирачите  потврдија   дека во моментов,  ја  живееме   една од најголемите  кризи до сега.

Ирена Чачкова