За 30 години независност на Македонија, во државата никогаш не постоеле повеќе од две продавници за плочи, а особено ги нема во внатрешноста. Затоа државата треба да создаде услови за отворање такви продавници, порачаа организаторите на денешниот ден на Независни продавници за плочи, кој по петти пат се организира во земјава, како дел од меѓународниот ден во слава на винилот, и независното издаваштво. Музичарот Горан Трајкоски доби признание за амбасадор, Зоран и Димитрија Павловски од „ Безимени“ освоија признание за пионери на винилот, а новинарот Љупчо Јолевски доби признание за легенда, како еден од најголемите колекционери на плочи во земјава.











