Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Православните верници го слават Велигден

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

По две години со ковид-рестрикции, годинава на велигденските богослужби можеше да се присуствува без никакви ограничувања.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан служеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски”- Скопје каде што по Полуноќницата и опходот околу храмот го објави Христовото воскресение, а потоа беа отслужени Утрената и Света Златоустова литургија.

Поглаварот на МПЦ-ОА и денеска на првиот ден од Воскрсението Христово – Велигден, богослужи Воскресна литургија во Соборниот храм.