Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фјури со триумф се повлече од професионалниот ринг

/

пред 1624 дена

Сподели преку :

Во последниот настап на професионалниот ринг, Тајсон Фјури успеа да го совлада Дилијан Вајт и како актуелен светски првак во верзијата на WBC ја завршува кариерата.

Во мечот што се одржа пред 94.000 гледачи на Вембли, Фјури со нокаут во шестата рунда триумфираше над сонародникот и во 33 настап стигна со 32 победа.

“Сметам дека ова сепак беше мој последен меч. Тоа и го ветив на мојата сопруга. Имав можност да боксувам на Вембли, а тоа им го должев на сите Британци и на сите мои навивачи. Сега кога и тоа го направив сметам дека е идеален момент да ја спуштам завесата”, рече Фјури.

Неговиот противник го забележа третиот пораз во кариерата. Во 31 настап на рингот беше совладан од Фјури откако претходно ги загуби соочувањата со Ентони Џошуа и Александар Поветкин.