Млад и талентиран, почитуван и омразен, на пат кон успехот со пречки посилни од него.
„Тигри“ е спортска драма по вистинита приказна (Во сенката на Сан Сиро) за млад фудбалер кој поминува низ светлите и темните страни на модерната бескрупулозна спортска индустрија.
Шведски филм од 2020-тата година , национален кандидат за Оскар и учесник и победник на повеќе филмски фестивали.
Режија: Рони Сандал.
Главни улоги: Ерик Енге и Фрида Густавсон.











