Справување со енергетската криза, заштита на стандардот на граѓаните, евроинтеграциите.
Ова се дел од приоритетите на Владата, а резултатите ги презентираше премиерот Ковачевски, барајќи и ресорните министри да дадат отчет што сработиле во првите 100 дена.
„Постигнати се два историски чекори“, рече премиерот: во исклучително кризна година, договорена е минимална плата за 160 илјади граѓани како и нова методологија со која пензионерите секој месец ќе добиваат по 900 денари поголема пензија.
Војната во Украина ја покажа добрата страна на политиката на отворени врати на НАТО, но и проширувањето на ЕУ е геостратешко прашање, рече Ковачевски и побара Македонија да почне пристапни преговори без одложување.
За опозициската ВМРО ДПМНЕ, петте години владеење на СДСМ е 5 години неуспеси и предавства.
Владата предводена од Ковачевски беше избрана на 16-ти јануари со 62 гласа. Основата на нејзината програма, образложи премиерот, е добиена на изборите во 2000-та и надградена со програмата на Алтернатива.
Соња Николовска











