Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалниците од СДСМ бараат прекин на штрајкот, СОНК велат – ризикуваат кривични пријави

/

пред 1621 дена

Сподели преку :

Во зависност од која партија е градоначалникот, така и училиштата ги отвораат вратите за учениците по продолжувањето на штрајкот на СОНК. Градоначалникот на Крушево, кој е од СДСМ, денеска повика наставата целосно да се нормализира. Настава си тече и во скопски Центар, а од струмичките училишта, повеќето почнаа со работа уште пред втората понуда на владата, по повикот на градоначалникот, кој е исто така од владејачката партија. Не се штрајкува ниту во по едно училиште во Крива Паланка и Кратово, а денеска продолжи наставата и во кумановското училиште „Киро Бурназ“, додека останатите се во штрајк.

Од друга страна, пак, наставниците во скопски Аеродром, Штип и Охрид, каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, се во целосен штрајк. Градоначалникот на скопски Карпош, го поддржува штрајкот, но има и свои идеи. Предлага, да се стави во мирување до 10 јуни, а ако до тогаш не се постигне договор, да не се даваат свидетелствата, со што ќе се блокира уписот за средно и за високо образование.

Од СОНК предупредија дека, со притисоците за прекин на штрајкот, градоначалниците ризикуваат кривични пријави.

За повикот на министерот за образование Јетон Шакири, директорите да обезбедат настава, во спротивно ќе одговараат, Поповска вели дека улогата на директорите е да обезбедат настава, но тоа не значи дека штрајкувачите треба да ја изведуваат. Затоа постојат и заменски наставници. Раководството на СОНК ќе ја почитува одлуката на членството за продолжување на штрајкот и очекуваат повик од владата за продолжување на дијалогот.

Во меѓувреме, партиите продолжија со меѓусебните обвинувања, кој го потпалува, а кој саботира штрајкот.

Засега не е јасно ни како и дали воопшто ќе се надополнуваат изгубените часови. Учебната година може да се продолжи со одлука на министерот. Но, по закон, ако учениците имале повеќе од 100 наставни дена, може и да не се продолжува, но ќе треба да се скратат и прилагодат наставните програми. Учениците досега поминаа 130 наставни дена, но засега нема план ни како ќе се надокнади материјалот.

Далиборка Дамјанска Цветановска