9 Мај годинава ќе биде искористен за пропаганда, предупреди поранешниот премиер Зоран Заев во својот прв настап во земјава по напуштањето на позицијата. На дебатата за Европскиот суверенитет во Струмица, тој порача дека Европската Унија треба да преземе храбри чекори и да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено македонското, поучени од неоправданата руска агресија врз Украина.
Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер вели дека воениот конфликт во Русија ги покажал слабостите на Европската Унија, но, и решителноста за заедничка акција.
На конференцијата зборуваше и претседателот на Европското движење во Франција, Ив Бертончини, кој е оптимист за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што ковид кризата и воената агресија во Украина створиле поволна клима за обединување на Европа со Западен Балкан.
Сузана Мицева











