Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителот Рустеми побара затворски казни за Јанакиевски, Груевски и Трајковски

/

пред 1621 дена

Сподели преку :

Не е виновен за набавката на динамитот и го повлекувам кривичното дело за тој дел од обвинението, но ја исполнил желбата на тогашниот премиер Никола Груевски да влијае за уривање на станбениот комплекс „Космос“. Поранешниот министер за транспорт и врски треба да оди во затвор. Не само тој туку и Груевски и ексградоначалникот Тони Трајковски и обвинетите вработени во општина Гази Баба, кажа во завршните зборови обвинителот Бурим Рустеми, спроед кои Јанакиевски треба да добие помала казна бидејќи во постапката ги признал разгворите со Груевски.

Со овие тврдења не се согласува Јанакиевски. И да сакал не можел да влијае во одлуките на општината и треба да биде ослободен. И по 10 години се согласува со одлуката дека „Космос“ бил урнат заради отстапки од основниот план, а ним им се суди врз незаконски прибавени прислушкувани разговори.

Груевски кој според обвинението ги поттикнал да сторат кривични дела не даде завршни зборови, бидејќи е бегалец во Будимпешта. Неговиот адвокат од судиите побара да го ослободат.

Одбраната, пак, на обвинетите побара судот да пресуди невиност укажувајќи дека овој обвинителен акт еднаш бил отфрлен, а кривичните дела се од пред 10 години со што веќе и се застарени, факт кои тие се обидоа да го поткрепат со мислењето на сегашниот министер за правда но и универзитетски кривичар Никола Тупанчевски, мислење кое судот го одби како дел од дополнителните докази.

Рустеми, пак, на крај од процесот наместо 20 милиони евра, штетата од минирањето на „Космос“ ја намали на 11 милиони, пари кои доколку се донесе осудителна пресуда треба да ги исплати државата на инвеститорот Цановски.

Павле Беловски