Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шаќири: Бевме блиску со решение, побаравме од МТСП да најде медијатор кој ќе помогне за дијалог со СОНК

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во емисијата Вин-Вин на Телма рече дека во разговорите со СОНК биле блиску до решение, но СОНК во последен момент ја променил својата одлука.

„Ние бевме блиску до решение. На последниот состанок со претставничката на Европската конфедерација на образовни синдикати, се договоривме, па потоа СОНК ја промени својата одлука. Во оваа ситуација очекував во добар разговор помеѓу двете страни, и тоа го кажувам јавно дека тој разговор ние ќе треба да го продолжиме понатаму, како социјални партнери во разговорот не треба да застануваме тука. Ова е еден дел и една дискусија која за многу брзо време се случија многу работи“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Шаќири посочи дека побарале од МТСП да најде медијатор кој во рок од 20 денови ќе може да издејствува решенија помеѓу СОНК, МОН и МТСП.

„Ние побаравме од МТСП да одбере помирувач во конкретната ситуација која го имаат известено СОНК. Во рок од 10 дена треба да заврши тоа, и имаме дополнителни 10 дена за арбитражно решавање на конфликтот“, изјави Шаќири.

Министерот Шаќири истакна дека ги почитувал наставниците, образовниот процес и СОНК уште од првиот ден на штрајкот и верувал дека по понудата за покачување на платите во образовниот секотр за 10 отсто, штрајкот ќе биде прекинат.

„Добрата страна во решавањето на конфликтот е тоа дека ги почитував наставниците, го почитував образовниот процес, ги почитував СОНК и уште од првиот ден откако влеговме во преговори бев отворен на тоа, дека како социјални партнери треба да најдеме решение. Но, после одредениот временски период можеби јас многу сум верувал во процесот на преговори со СОНК. По понудата од зголемување за 10 проценти на платите во образованието, мислев дека ќе го завршиме овој процес на разговори’, додаде тој.