Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Индексот на човечки капитал на Светска банка за 2020 година покажува дека дете родено во Македонија, кога ќе порасне постигнува само 56 проценти од својот капитал, рече британската амбасадорка Галовеј

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски промовираа нов младински центар „МладиХаб“, кој ќе служи за работа, вмрежување и организирање активности за младите од регионот.

„Индексот на човечки капитал на Светска банка за 2020 година покажува дека дете родено во Северна Македонија денес, кога ќе порасне ќе постигне само 56 проценти од својот потенцијал, па неопходно е отворање на младински центри каде младите ќе стекнат повеќе вештини и ќе ја зголемат вработливоста“, рече амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј на отворањето на Младинскиот Центар – МладиХаб во Битола.

Според амбасадорката Галовеј, новиот младински центар во Битола на младите ќе им овозможи да се здобијат со вештини и компетенции што ќе ги направат поподготвени за наоѓање работа.

– Неусогласеноста на квалитетот во образованието со потребите на пазарот на труд се сметаат за главна причина за големата невработеност кај младите која сеуште е една од највисоките во Европа. Младите имаат неограничени можности за да учат и да ги практикуваат своите вештини во реалноста, но ним им требаат можности да се ангажираат со компаниите и бизнисите за да може да стекнат искуство од реалниот свет, посочи амбасадорката Галовеј на свеченоста во Битола.

Таа најави дека британската поддршка на вакви проекти ќе ја дава и новиот амбасадор кој наскоро ќе ја замени во земјава.

Јавна и логистичка поддршка на младинскиот центар „МладиХаб“ даде Општина Битола отстапувајќи простор во урбаната заедница „Велко Влаховиќ“.

-Како локална самоуправа континуирано работиме за изнаоѓање начини за поддршка и мотивација на младите, а со цел задржување на младите во нашата Општина. Обезбедивме простор каде што ќе се подготвуваат младински програми посветени на социјалниот и професионалниот живот на младите. Но, ова ќе биде и место за информации од важен интерес за младите затоа што инвестирањето во образованието и можностите за новите генерации е инвестирање во иднината, истакна градоначалникот Коњановски.