Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромен интерес за влезниците за СП во Катар

/

пред 1619 дена

Сподели преку :

Во последниот круг од продажбата на влезници за претстојното Светско првенство во фудбал, ФИФА примила дури 23,5 милиони барања.

Вкупната бројка на апликации за билети е за десет пати поголема од влезниците кои останаа да се продадат.

Според извештајот на Светската фудбалска федерација најмногу барања се пристигнати од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Саудиска Арабија и Мексико, а постои и огромен интерес во земјата домаќин, Катар.

Најголем број апликации се пополнети за финалниот натпревар кој е на програмата на 18 декемви, а огромен е интересот за мечевите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина.

Цената на билетите е во просек за 30 проценти повисока во однос на претходниот шампионат во Русија и највисоката изнесува 1600 долари.

Во продажба се пуштаат околу два милиони билети, а до овој момент продадени се 800.000, а вкупната бројка ФИФА на располагање за своите гости и спонзори има дополнителни 1,2 милиони влезници.

ФОТО: Игор Паневски