Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русковска: Ќе постапиме по кривичната пријава од правобранителот за „Трансмет“

/

пред 1619 дена

Сподели преку :

Во случајот со „Трансмет“ беа забележани многу пропусти, кои КОД во неколку емисии подетално ги разгледа, особено во конфискацијата на 17,2 милиони евра вредниот имот, поради што државниот правобранител поднесе кривична пријава за непостапување против обвинителите во случајот. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во вечерашното издание на Топ Тема рече дека ќе постапат по кривичната пријава, но прво побарале мислење од Јавното обвинителство за можен судир на интереси.

Пред оваа кривична пријава државното правобранителство имаше доставено две или три известувања и по тие известувања се отвори предистражна постапка, и таа можам да кажам дека веќе е во понапредната фаза. Што се однесува до кривичната пријава, бидејќи еден од пријавените е избран за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција, побаравме мислење од ЈОРМ, доколку постапува ова обвинителство дали би имало некој судир на интереси. Пред неколку денови го доставивме тоа барање, чекаме да видиме како ќе се произнесат тие, по што ќе постапиме по таа кривична пријава исто како и за сите други пријави, рече Русковска.

До КОД пристигна и осуда од наведените во кривичната пријава обвинители, дека во емисијата не смеело да се објавува кривичната пријава затоа што таа била од правобранителството. Обвинителката Русковска смета дека информација за поднесена кривична пријава треба да се објави, но објавувањето на имињата на оние против кои е поднесена, ја нарушува пресумпцијата на невиност.

Секој според законот може до обвинителство да достави кривична пријава, не само до обвинителството со кое јас сега раководам, туку до било кое обвинителство, и за било кое кривично дело што смета дека е сторено. Но, во секој случај, мислам дека мораме сите да ја почитуваме пресумпцијата на невиност, без разлика дали обвинителството во предистрагата ќе дојде до докази за навистина сторено кривично дело од пријавените, или нема да дојде. Затоа мислам дека треба сите, и вие како новинари и ние како обвинители, судии, па и адвокатите да ја почитуваме максимално пресумпцијата на невиност, потенцира Русковска.