Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

20 повредени патници при судир на два автобуси во Прилеп

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Повеќе од 20 лица се повредени во судир на два автобуса утрово во 06.00 часот во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.

„Се прават испитувања во неколку одделенија во болницата.  Според првични информации станува збор за полесни телесни повреди и најверојатно никој нема да биде задржан на понатамошно лекување“, изјави Кети Смилеска, директор на прилепската Болница, пренесува Радио Пела.

Според информациите на прилепското Основно јавно обвинителство, едниот автобус бил без патници, а другиот кој се удрил во бандера бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика.

Од болницата соопштија дека нема животно загрозени пациенти и една жена е оставена на болничко лекување. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Фото: Радио Пела