Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Цените на нафтените деривати во Словенија достигнаа рекордно ниво, и литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ чини 1,617 евра, а дизелот 1,817, додека на бензинските пумпи на автопатиштата цената е повисока.

Идниот премиер Роберт Голоб, како што пренесе Бета, денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи владата на Јанез Јанша во заминување, која, според мислењето на Голоб, поради „политички причини не ги продолжи лимитираните цени кои беа во сила од средината на март“.

Владата на Јанша се реваншира за поразот на изборите со одлуката да ги стопира регулираните цени на горивата, обвини Голоб.

Тој изрази огорченост од одлуката на дистрибутерите, кои веднаш откако стана јасно дека владата на Јанша нема да продолжи да ги ограничува цените на горивата, побрзаа со големо поскапување, а разликите во цените меѓу дистрибутерите се минимални, што навестува дека се договориле.

Голоб се закани дека неговата партија, доколку продолжи таквиот тренд, ќе ја повика Агенцијата за конкуренција да преземе мерки против ваквото работење на пазарот.

Голоб, кој до пред да влезе во политиката раководеше со големи компании како електроинженер и експерт за енергетика, во својата кампања пред изборите нагласуваше дека намалувањето на цените на енергијата во енергетската криза што се очекува на есен, ќе биде еден од главните приоритети на неговата влада.