Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На годишнината од смртта на Јосип Броз – Тито – закана дека ќе биде урната неговата куќа

/

пред 1614 дена

Сподели преку :

На годишнината од смртта на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кој почина на 4-ти Мај 1980-тата година, полицијата пријави дека добиле закана од непозната машка особа која тврдела дека ќе ја урне неговата куќа во Кумровец.

Анонимниот повик бил добиен во 10 часот наутро во оперативно-комуникацискиот центар. Заканата ја изрекол непознат маж, кој не зборел премногу долго, туку само кажал дека ќе ја уништи родната куќа на Тито и веднаш потоа го прекинал повикот.

По прегледот на куќата, сместена во Музејот на отворено „Старо село-Кумровец“, полицијата потврди дека не била најдена никаква експлозивна направа. Инаку, според локалните медиуми, ваквите закани не се невообичаен феномен, кога се ближи годишнатата од смртта на Јосип Броз.

Сепак, полицијата спроведува истрага а под надзор е и објектот.