Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија: Вежбаме нуклеарни напади

/

пред 1614 дена

Сподели преку :

Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег.

Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулираниот непријател, пренесува АФП.

„По извршувањето на „електронските лансирања“, воениот персонал изврши маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додаде Министерството за одбрана.

„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.

Се додава дека во вежбите учествувале повеќе од 100 војници.