Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британското Министерство за одбрана објави нови разузнавачки информации, пишува и за Белорусија

/

пред 1614 дена

Сподели преку :

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на разузнавачките служби, во кој се обработуваат информации за ситуацијата во Белорусија, каде вчера беше објавено дека се одржуваат големи воени вежби.

„Белоруски копнени сили се забележани како се распоредуваат од гарнизоните на терен, заради вежби“, се вели во соопштението.

Притоа се проценува дека активностите не се подготовки за инвазија врз Украина, туку во рамки на вообичаената практика белоруската армија во мај да го заокружува зимскиот циклус маневри.

Во документот уште се проценува дека Русија „најверојатно ќе настојува да ја искористи засилената закана што за Украина претставуваат маневрите“, во смисол што засилените активности на белоруската армија ќе ги фиксира украинските сили во северниот дел на земјата спречувајќи нивен ангажман во борбите за Донбас.