Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Њујорк Тајмс: САД и помогнаа на Украина да го потопи бродот „Москва“

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Американското разузнавање им достави на украинските сили информации кои би можеле да ја лоцираат и нападнат Москва, најголемиот брод на руската Црноморска флота што потона минатиот месец.

Украинските сили, откако забележале руски воен брод во Црното Море, ги повикале своите американски контакти да потврдат дека тоа всушност е Москва, пишува Си-Ен-Ен.

Двајца високи американски функционери изјавија за Њујорк Тајмс дека Украина веќе добила информации за таргетирањето на Москва и дека САД дале само потврда. Но, други официјални лица рекоа дека американското разузнавање е од клучно значење за потонувањето на бродот „Москва“.