Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕХФ ги објави термините за Европското првенство во женска конкуренција

/

пред 1612 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација по подолга пауза повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.

Нашата селекција на Европскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годината и како еден од домаќините мечевите ќе ги игра во Скопје, а сите три натпревари почнуваат во ист термин во 18 часот.

Во првиот дуел на петти ноември се среќаваме со Франција, два дена подоцна противник ни е Холандија додека на во последното коло од првата фаза на деветти ќе се соочиме со Романија.

Почетокот на натпреварите во вечерниот термин во Скопје е закажан за 20 часот и 30 минути.

Сите три натпревари македонската репрезентација ќе ги игра во А1 арената Борис Трајковски.

Скопје ќе биде домаќин и на една од двете групи во Главната рунда, а овие мечеви се играат во периодот од 11 до 15 ноември додека завршницата и дуелите за медали ќе се игра во Љубљана.

ФОТО: Игор Паневски