Во Македонија има многу законски заштити како гаранции за разновидното население, гласни застапници за правата на маргинализираните и ранливите групи, но се уште постои простор за напредок. Ова го кажа амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс на конференцијата посветена на последниот годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјава.
Составот на новата влада и јавните институции треба да ја одразуваат разновидноста на граѓаните во земјата, вклучително и малцинстватаа кои често се исклучуваат од овие установи. ЛГБТИ лицата треба да живеат без закани од насилство и кога ќе се случи ова страшно и дискриминирачко насилство тоа треба да се гони во најголемиот обем што го дозволува законот. Истото важи и за делата против луѓето од медиумите, рече амбасадорката Брнс.
Според Брнс слободата на медиумите е белег на добро функционално општество, а клучен елемент на човековите права е и борбата против корупцијата, еднаквиот пристап до навремена правда и транспарентни јавни услуги без корупција.
За состојбата со правата на дел од маргинализираните и ранливите групи од Канцеларијата на обдусманот се презентирааа примери и бројки, пред се, во делот на остварување на правото на личен и образовен асистен, пристап на училиштата за децата со попреченост, но и за лицата без документи.
Распределни се вкупно 414 образовни асистенти, а за уште вкупно 266 барања не е даден позитивен одговор, што значи дека има уште голем број на лица ки што не можарт да имаат личен или образовен асистент. Повеќето училишта за жал останаа недостапни за лица со телесен инвалидитет и немаат рампи за пристап на инвалидски колички, немаат пристапни тоалети, немаат лифтови, информираше Јован Андоновски, заменик народен правобранител.
Лицата со телесна попреченост освен што биле дискриминирани во делот приоритетни лица за вакцинација од Ковид-19, како што констатирал Обдусманот, според Елена Кочоска од „Полио плус“,тие се соочуваат и со немање воопшто на систем за нивна здравствена заштита.
Голем дел од нотираните проблеми од Извештајот за состојбата со човековите права во РС Македонија за 2021, ако ги разгледуваме и наназад ќе видите дека се едно исто се врти. Најголем предизвик пристапноста. 10 години мојата татковина не научи да направи една рампа, рече Елена Кочоска од „Полио плус“.
Според неа ако општеството се отворило за различните етнички заедници и родовите прашања, тоа се уште ја врти главата од лицата со хендикеп.
А кога станува збор за деискриминација по етничка основа претставниците на ромската заедница констатираа дека нивните права во земјава се минимално унапредени.
Според истраувањето 23 проценти од населенито не се чуствува пријатно да работи со Ром. 25 проценти од населението не се чуствуваат пријатно нивните деца да одат на училиште заедно со деца на Роми. Додека 38 проценти не се чуствуваат пријатно да изнајмат стан или куќа на Роми, рече Елвис Шакири, од „Ромалитико“.
На конференцијата беше констатирано дека институциите не треба да се плашат од транспрентност, чесност и интегритет кога станува збор за недискримнација и човековите права.
Тамара Грнчароска











