Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето

/

пред 1611 дена

Сподели преку :

Поранешниот директор на Болницата во Струга, Мухамед Асани, инаку лекар гинеколог,  со уште двајца колеги од истата здравствена  установа, обвинети се за Тешки дела против здравјето на луѓето, за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веаповска. Неа  по извршениот царски царски рез и беа отстранети матката, јајник и еден бубрег. Според обвинителниот  предлог, тројцата лекари  при породувањето на Веаповска во август 2020 година и ја оштетија  левата бубрежна артерија и интервенираа  дури откако таа паднала во шок поради огромната загуба на крв.

„Во такви услови, се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег за  да се спаси животот на оштетената“, пишува во соопштението на ЈОРМ

Веаповска беше   препратена на лекување во скопските клиники откако лекарите во струшката болница и отстранија три здрави органи. Таа до денесе ги чувствува последиците и вели има  нарушено здравје. Сепак е задоволно од одлуката на Обвинителството и вештачењето на Институтот за судска медицина.

-Не очекував ваква одлука, но добро е што Обвинителството работи и  овие случаи не се прикриваат. Очекувам правда, да се реши случајот  и лекарите да бидат казнети според заслугата. Со вештачењето на Судска медицина е докажано дека матката и јајникот се извадени здрави, а артеријата на бубрегот е оштетена, можеше и бубрегот да се спаси, но тоа  е тоа, вели Јилдиз Веаповска. 

Првообвинетиот, гинекологот Мухамед Асани вели  дека не е известен за обвинителниот предлог. Кусо во телефонски разговор за Телма рече дека двете комисии и од Лекарската комора и од Министерството за здравство утврдиле дека нема лекарска грешка, и не знае врз основа на што Обвинителството сега покрена обвинителен предлог.

Лекарската комора лани во март изврши стручен надзор во Болницата во Струга по што констатираше дека нема лекарски грешки  при третманот  на Веаповкса. Неправилности  не најде ниту Комисијата што ја формираше Министерството за здравство во мај минатат година. Сепак со вештачењето на Институтот за судска медицина откриени се низа пропусти на тројцата лекари гинеколози од Болницата во Струга, со што ја влошиле здравствената сосотјба на родилката од Дебар.

Емилија Мисирлиевски