Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инцидент пред дербито во Тетово: Нападнати фудбалерите на Шкупи (ВИДЕО)

/

пред 1610 дена

Сподели преку :

Пред фудбалското дерби помеѓу Шкендија и Шкуши денеска се случи инцидент, откако навивачи на домашниот тим ги нападнаа гостите од Скопје пред влезот на „Градскиот стадион“ во Тетово.

Новиот шампион на Македонија беше жестоко дочекан од фановите на „црвено-црните“. При излегувањето од автобусот пред влезот за соблекувалната се случи голема мешаница, кога играчите и стручниот штаб на чаирчани беа нападнати. Кон нив беше фрлен факел, а еден фудбалер на Шкупи лежеше на земја и се пожали на повреда. Информациите се дека за среќа нема некои посериозни повреди, а дербито се одигра без проблем.


На навивачите на Шкупи не им беше дозволено да го следат натпреварот во Тетово, па фамозните „Шверцери“ беа запрени од полицијата пред влезот во градот под Шара.