Фудбалерите на Струга забележаа победа од 3:1 на гостувањето против Македонија ЃП.
Гостите по првиот дел водеа со 2:0 со двата погодока на Немања Босанчиќ во 9. и 21.та минута, а по 10 минути игра во второто полувреме Буњамин Шабани се запиша во листата на стрелците за убедлива предност на Струга.
Единствениот гол за Македонија ЃП го постигна Арби Воша во 61. минута од натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски





















