Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот пионерски дом во Куманово претворен во јавно ве-це од зависниците на наркотици

/

пред 1609 дена

Сподели преку :

Оваа е реалната слика за поранешенниот пионерски дом во Куманово. Изграден во 60-тите, а сега руина во центарот на градот, лоциран помеѓу три училишта гимназијата и основните училишта Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци и детска градинка.

Повозрасните кумановци жалат за овој импозантен објект од каде излегоа многу актери, водители, спортисти. Сега руина во државна сопственост. Поранешниот пионерски дом сега се користи како јавно веце или место каде зависниците од наркотици се редовни посетители во вечерните часови, обвинуваат граѓаните кои се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите деца.

– Оваа е страшно и жално, некогаш полно со деца сега престојувалиште на наркомани, сè што можеше да се украде го украдоа, никој не сака да преземе ништо-вели нашиот соговорник.

Душата ме боли јас тука работев со години, многу јака градба, а сега руина, плачам кога ќе поминам тука, вели еден од поранешните вработени во пионерски дом.

Локалната власт прави напори да го добие овој импозантен објект во свое владение, но до денес над 2000 метри квадратни пропаѓаат. Домот е даден под владение на министерството за труд и социјална политика, каде во 2018 година на 1000 квадратни метри е направена детска градинка.

– Ако го добиеме домот ќе го намениме за културна дејност за градот, испративме повеќе барања до централната власт да ни го даде во владение, но до денес немаме никаков одговор, се надевам дека ќе имаат слух и дека ќе го доделат домот на пионерите на локалната власт, вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Сузана Андоновиќ