Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шаленберг: Деловите се тука, останува да се состави сложувалката меѓу Скопје и Софија

/

пред 1608 дена

Сподели преку :

Во улога на посредник, шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, денеска во Скопје ги донесе последните ставови од Бугарија за кревање на ветото кон Македонија, откако вчера во Софија, како што рече водел интензивни разговори со бугарските власти за прашањето за Македонија.

„Веројатно ќе разберете дека, по интензивните разговори вчера во Софија и разговорите кои што ќе ги имам денеска во Македонија, тоа е дел од довербата се разбира и не можеме во јавност да ги изнесеме. Меѓутоа јас можам да кажам дека сум охрабрен затоа што ситуацијата веќе поинаку изгледа и мислам дека е веќе напредната. Двете влади, двете држави, веќе ги имаат составните делови од сложувалката и веќе е време истите да се состават“, рече австрискиот министер, Шаленберг.

За тоа дали Шаленберг во Скопје го донел делот од сложувалката која недостига за да се постигне договор меѓу Македонија и Бугарија и да се откочи стартот на преговорите за земјава со Европската унија, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со став дека на на сложувалката и недостига нешто друго.

„Во таа сложувалка недостига лепилото. Тоа лепило е политичката волја. За жал сметам дека тоа што фали во моментот е политичката волја тие елемнти на сложувалката да ги стави во еден сеопфатен процес којшто ќе значи ново поглавје на односите меѓу нашите две држави и се разбира ново поглавје на ЕУ со западниот Балкан“, рече Османи, шефот на македонската дипломатија.

Шаленберг кој порача дека Австерија ќе биде вклучена и солидарна во последните чекори кои треба да доведат до старт на преговорите со земјава, рече дека Европската унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука соочена со војната во Украина, против која единствено оружје и е перспективата за проширување како нејзина геостратешка политичка задача.

За најавата од македонска страна дека доколку во јуни не се крене ветото во Унијата за земајва дека неформално ќе ги замрзне политичките преговори со Бугарија, Шаленбер рече дека е слушнал за тоа.

„Да, има некои закани дека ќе се прекинат преговорите, меѓутоа сепак станува збор за взаемен интерес и дека треба да се стабилизира целиот регион и сето тоа ќе придонесе кон стабилизацијата“, изјави Шаленберг.

Османи пак со став дека не станува збор за закана.

„Не зборуваме за никакви ултиматуми, условувања кон ЕУ, кон Бугарија, туку е објаснување на фактичката состојба дека како поминува времето, како Република Бугарија ги обесхрабрува сите конструктивни политички фактори кои се обидуваат да отворат ново поглавје во нашите односи, дека сето тоа има последици“, појасни Османи.

За идејата пак на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање на Европска политичка заедница која би овоможила Украина и други земји кои не се во ЕУ да имаат поблиски односи со Унијата Османи вели дека тоа не се однесува на Македонија, која е во сосема други односи и процес со Унијата.

Шаленберг кој не го сикоментира директно Макрон, со порака дека во регионот има кинески и руски  наратив и оти Унијата мора да се спротивстави на тоа, сос тав дека Евбропската унија мора да се прошири и, како што го нарече регионот, внатрешниот двор на Унијата, мора да се интегрира во неа.

Тамара Грнчароска