Соби за интимни средби, работен ангажман, привилегии за викенди. Ова се дел од барањата осудени од предметот „Диво Насеље“ со пониски казни за помагање кои шестти ден штрајкуваат со глад. Велат дека Управата за санкции им ги крати правата, иако им следуваат согласно Законот за извршување санкции. Директорот преговара со нив, а надлежниот министер очекува законот да се применува еднакво за сите.
Тупанчевски, соопшти дека министерството се уште не донело одлука дали ќе одговори позитивно на барањето на косовските власти за екстрадиција, бидејќи повеќеммината од нив се косовски државјани.
Пред три месеци Врховниот суд ги одбил жалбите на осудените како неосновани и ја потврди пресудата на Апелација. Одбраната нема повеќе право на жалба на одлуката на Врховниот суд и следната врата за нив е Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Иако најавена како дел од спогодбата за влез на партијата Алтернатива, меѓунардоната истрага не се спроведе. Наиде на голем број реакции од правните експерти. По, битката во кумановската населба десет членови на вооружената група беа убиени, 37 лица беа обвинети за тероризам, од кои 7 на доживотен затвор.
Павле Беловски











