Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на загинати во експлозијата во луксузен хотел на Куба

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Телата на две лица, 77-годишна жена и 55-годишен маж, во вторникот беа извлечени од урнатините на хотелот Саратога во Хавана, со што бројот на загинатите од истекување на гас се искачи на 42.

Според Министерството за здравство, во експлозијата што се случи во петокот наутро, повредени се 54 лица, а 17 од нив се уште се во болница.

Хотелот Саратога, симбол на старата Хавана, беше затворен две години поради пандемија и се подготвуваше повторно да се отвори за јавноста овој вторник, по реновирањето. Првите четири ката од хотел со пет ѕвезди беа кренати во воздух од експлозија додека цистерна доставуваше гас.

Од 51 вработен кои биле таму за време на несреќата, 23 загинале, тројца се хоспитализирани, а 22 се пуштени од болница, изјави на прес-конференција во вторникот Роберто Енрике Калзадила, претставник на туристичката компанија Гавиота.

Тројца вработени се уште се водат како исчезнати, рече тој.

Саратога беше домаќин на неколку познати личности во последниве години, меѓу кои Мик Џегер, Бијонсе и Мадона.