Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Азов објави фотографии од челичарницата: Ова се нашите ранети војници. Спасете ги!

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Борците на Азов ги објавија најновите фотографии од челичарницата Азовстал, на кои се гледаат тешките услови во кои моментално живеат, заробени и ранети под земја во Мариупол, пишува Гардиран. На Телеграмскиот канал на Азовскиот полк вчера беа објавени низа фотографии на кои се бара помош од меѓународната заедница.

 

„Целиот цивилизиран свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да дејствува!Во сосема нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилни остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и храна.

Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да покажат хуманост и да ги потврдат основните принципи врз кои се создадени. Спасете ги ранетите! Војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката Азовстал ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на сопственото здравје и живот. Зарем Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат и да се грижат за нив?“, објавија тие со фотографии.

Тие повикаа на „итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина“, каде што може да им се обезбеди соодветна грижа.