Во собраниската блокада, по потреба, ќе се вклучуваат и пратениците од Алијанса за Албанците. Оваа партија ќе се обиде да спречи носење на некои закони кои се од тесен интерес за ДУИ, како на пример, обидот за приход од игри на среќа.Зијадин Села вели дека, од политичка парија, ДУИ се претвораат во бизнис групација со игрите на среќа и не е случајно што, во општините со мнозинство Албанци, на секој чекор има казина.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска во Собранието дојдоа со транспаренти. Седницата течеше со тензии, расправии и повторно доцнење, овојпат од еден час, по што заглавија на утврдување на дневниот ред. Мнозинството ги одби повеќето предлози на опозицијата, но прифати информацијата за пописот да се помести десет места погоре. Од мноштвото барања за измени и дополнувања, настана деловнички хаос.
Денеска и од БЕСА најавија дека ќе дејствуваат самостојно и ќе одлучуваат по потреба, кои закони ќе ги блокираат.
Далиборка Дамјанска Цветановска











