Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денешниот состанок меѓу СОНК и МОН помина без усогласување на ставовите

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Без поместувања на ставовите меѓу двете страни помина денешниот состанок на претставниците на СОНК и МОН. Состанокот се одржа во рамките на вторите 10 дена , согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, во присуство на медијатор од МТСП и беше прв, организиран во седиштетот на СОНК. На маса било барањето на Синдикатот за потпишување нови колективни договори за вработените во основните и средните училишта. По средбата од СОНК се јавија преку соопштение.

Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел од колективните договори. Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува, соопштија од сонк.

Нова средба меѓу СОНК и МОН е најавена за в петок, кога се очекува усогласување меѓу двете страни за прашањето со новите колективни договори и други прашања, поврзани со процентот за зголемување на платите.

Во врска со незадоволството  во градинките околу неисплатените дневници за членовите на СОНК кои штрајкуваа, денеска од МТСП го повторија ставот дека според ЗРО и Колективниот договор, работодавачот е должен да им уплати придонеси и даноци од плата, а организаторот на штрајкот е задолжен за надоместокот на нето плата.

Министерството за труд и социјална политика информира дека средба со СОНК е закажана за утре на која ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој потсетуваме дека истекува со месец јуни, а ќе биде отворено и прашањето околу постојното законско решение во делот на исплата на плати, велат од министерството за труд и социјална политика.

СОНК штрајкуваше од 11 април, барајќи пораст на платите за 18, 4 % и не ги прифати предлозите на владата за зголемување од 10 % и 12%. Штрајкот во градините беше ставен во мирување на 26 април, а потоа и штрајкот во основните и средни училишта, откако започна постапката за помирување меѓу двете страни, согласно Законот за мирно решавање на работни спорови.

Сотир Трајков