Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Компанијата на Груевски во Унгарија за пет месеци пријавила добивка од 10.000 евра

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Компанијата на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 2018 избега во Унгарија и таму ја основа, за само пет месеци работа пријавила нето добивка од 10.000 евра, ги пренесува унгарските медиуми Призма.мк.

Компанијата И.Ц.И.Ц.ЛТД. Груевски ја основал на 14 јули 2021 година, на адреса на напуштена куќа во село на дваесетина километри од Будимпешта, а поранешниот премиер е наведен како единствен сопственик и извршен директор. Компанијата се занимава со деловни консултации, но има и лиценци за повеќе дејности, како на пример трговија на големо со храна, пијалоци, тутун, порцелан, стакларија, средства за чистење, но и за маркетинг и односи со јавност.

Од основањето до крајот на минатата година, малата компанија на Груевски пријавила приход од 5 милиони форини, а нето добивка од 3,8 милиони форини, пишува унгарската деловна веб-страница мфор.ху.

Според унгарскиот медиум, нема информации за трговска активност на компанијата, поради што може да се претпостави дека приходот е остварен благодарение на консултантски услуги, најверојатно дадени на унгарското министерство за надворешни работи и министерот Петер Сијарто, кој самиот признал, на повеќе наврати, дека го повикувал Груевски во својата канцеларија, барајќи негови совети за прашања поврзани со Западен Балкан.