Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски – Борел: Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.

Премиерот Ковачевски на средбата изрази благодарност за ангажманот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка за Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел, ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.

Во таа насока беше изразено дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.

За време на разговорот беше нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

За Северна Македонија со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел ќе дискутираме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот гео-политички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан, нагласи премиерот Димитар Ковачевски во Брисел. Тој, пред средбата со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел ја истакна важноста од интеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан во Европската Унија.

  • Задоволство е да се биде вечерва тука заедно со моите колеги и потпретседателот Борел. Се соочуваме со досега невидена состојба во историјата на нашиот континент. Овие состојби нè натераа да бидеме обединети како никогаш досега и да ги усогласиме нашите политики. Вечерва со потпретседателот Борел и другите колеги дискутираме за итни прашања, но и прашања кои се однесуваат на среден и долг рок, прашања кои потекнуваат од кризата и нашата улога кон Русија, а во врска со нејзината инвазија врз Украина, посочи премиерот.