Претседателката Билјана Ивановска попладнево додека се одржуваше седницата на Антикорупциската комисија доби порака на нејзиниот телефон и среќна објави:
Само што станав баба, рече Ивановска.
На ова доби низа честитки од нејзините колеги, а целата седница се пренесуваше јавно на каналот на кој ДКСК ги одржува седниците.











