Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големиот притисок на водата од Зелтовица предизвикува дефекти во старата водоводна мрежа на Штип

/

пред 1604 дена

Сподели преку :

Честите дефекти на старата водоводна мрежа во Штип го актуелизираат референдумот за пренамена на средствата од самопридонесот. Големиот притисок на вода, кој пристигнува од Хидросистемот Злетовица прави дефекти на старата мрежа, а граѓаните во штипските населби остануваат и по неколку дена без вода за пиење. Штип има 120 километри, од кои 30 километри се стара водоводна мрежа со цементно азбеснни цевки стари и над половина век.

Токму проблемите со старата примарна водоводна мрежа на маса ги става 1,2 милиони евра. Овие средства, ниту еден градоначалник ги нема искористено, бидејќи за нивна пренамена е потребен референдум. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека бидејќи се собрани со учество на сите граѓани во деведесетите години за изградба на брана Козјак, ќе мора на референдум да се одлучи во кои проекти ќе се искористат.

Штипскиот градоначалник забележува дека најнапред ќе се работи на враќање на довербата на граѓаните кон институциите на системот, за да сфатат дека нивните пари ќе бидат вложени во капитални инвестиции.

Овие средства не се доволни за целосна реконструкција на старата мрежа. Но, најприн ќе се побара мислењето на граѓаните и на политичките партии во локалниот совет. Со цел да се утврди дали има консензус за успешен референдум, бидејќи претходно Штип имаше два неуспешни референдумi токму за овие пари, на првиот се гласаше за спортска сала, а на вториот за брана на река Отиња.

Викторија Димитрова Јованова