Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција, Ига Свјонтек ја продолжи триумфалната низа и со 28. последователна победа стигна до петтиот ВТА трофеј во досегашниот тек од сезоната.
Полската тенисерка славеше во Рим откако во меч што траеше 83 минути во два сета со 6:2 и 6:2 ја совлада Тунижанката, Онс Жабер.
Свјонтек од почетокот на сезоната триумфираше на турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт и сега во италијанската престолнина.











