Фудбалерите на Работнички во последниот натпревар од домашниот шампионат го совлада Пелистер со 2:1.
Во меч кој немаше резултатско значење за двата тима, головите беа постигнати во второто полувреме. Домаќинот поведе со голот на Димитар Тодоровски во 53. минута. Девет минути подоцна Марио Станковски зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Андреј Ричков во 83. минута.
ФОТО: Игор Паневски





















