Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието не работи ниту реално ниту виртуелно- активирани одбранбени механизми на серверите поради исклучена струја

/

пред 1603 дена

Сподели преку :

Собранието утре нема да работи и нема закажани активности, а веб сајтот на Собранието не е активен односно не се отвора.

Причина за „исклучувањето“ на Собранието е претходно исклучување на електрична енергија во реонот во центарот на Скопје, каде е зградата на Парламентот.

Во викендот имало исклучување на струјата подолго од 4 часа поради што се испразниле УПС уредите на компјутерските сервери. Кога пак серверите во Собрание ќе останат без напојување на енергија, постои одбранбен механизам кој автоматски ги гасне серверите. Со тоа не функционира ниту компјутерската мрежа, ниту пак е активен веб сајтот sobranie.mk.

Откако е утврден проблемот, решението било да се откажат собраниските активности за утре. Повеќе портали објавија дека Талат Џафери како претседател на Собранието им испратил известувања на сите пратеници преку СМС дека активностите се откажуваат и дека не функционира веб сајтот на Собранието. Инаку струја има отко завршила интервенцијата на мрежата ноќта сабота на недела.

Минатата недела опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја отпочна својата ткнр. активна блокада на Собранието, а имаше и повеќе ситуации на раб на инциденти во парламентарната сала каде се одржуваа седниците.