Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Столтенберг апелира за брзо влегување на Шведска и Финска во НАТО, верува дека Турција нема да стави вето

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е уверен дека процесот на пристапување на Финска и Шведска во Алијансата може да се забрза. По состанокот на највиоските дипломати од 30-те земји членки на Алијансата, Столтенберг рече дека не очекува Турција да го запре процесот.

Турција претходно изрази загриженост за приклучувањето на двете земји, тврдејќи дека ги поддржуваат курдските милитанти кои Анкара ги смета за терористи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу дека Финска и Шведска, исто така, вовеле ограничувања за одбранбената продажба на Турција, што тој ги нарече „неприфатливи“. Сепак, генералниот секретар Столтенберг смета дека сите пречки можат да се премостат и Финска и Шведска наскоро да станат нови членки во воениот сојуз. Столтенберг, исто така, рече дека Алијансата ќе го зголеми своето присуство во Балтичкиот регион за да ги одврати руските закани.