Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со концертот „ Слобода“ Националната филхармонија ја завршува сезоната „ Филхармонија во движење“

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Во рамките на концертот „ Слобода“, кој Националната филхармонија ќе го одржи во четврток во 20 часот, во Соборниот храм „ Св. Климент Охридски“, за прв пат ќе биде изведено вокално- инструменталното дело „ Реквием за војната“, од англискиот композитор Бенџамин Бритн, под диригентство на истакнатиот израелско- американски маестро Бенџамин Шварц.

Во изведбата ќе земат учество Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.

Концертот им е посветен на сите жртви во војните кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир и помирување.

Во делото „Реквием за војната“, Бритн вклучил фрагменти од поетот Вилфред Овен, кој според него бил еден од најголемите воени поети и еден од најоригиналните во 20 век.

Првата изведба на ова грандиозно дело била на 30 мај, 1962 година во Катедралната црква „Св. Михаил“. Реакциите од изведбата биле одлични – делото било декларирано како монументален музички тестамент против војната, конфликтите и насилството.