Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МПЦ инвестира во обновливи извори на енергија – ќе се поставуваат соларни панели во Охридско

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Во исто време додека се крои автокефалноста на МПЦ,  Црквата дома крои планови за  проширување на своите бизниси со електрична енергија.

Според податоците од Централен регистрр, пред 4 дена на 12 мај, МПЦ основаше нова  фирма во партнерство со уште едно лице, чија дејност е производство на електрична енергија.

Седиштето е  во охридското  Долно Лакочереј каде,  МПЦ планира  во долината на ова село да постави соларни панели за фотонапонска централа. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј не одговори на телефонските повици и пораки на Телма, а претходно за порталот Фактор потврди дека МПЦ го проширува бизнисот со електрична енергија, но нема повеќе детали околу оваа инвестиција и моќноста на фотонапонската централа

– Не е забрането, ниту е чудно тоа што МПЦ-ОА сака да инвестира. А во проектот има и други партнери. За тоа колкаво ќе биде производството на електрична енергија, зависи од тоа колкави средства ќе можеме да издвоиме, рече г Тимотеј за Фактор

МПЦ во бизнисот со струја се вклучи пред 2 години кога во партнерство со уште неколку физички и правни лица, основаше компанија друштво за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов дол Кичево.

Но, во изминатиот период МПЦ ја следеа повеќе скандали и афери поврзани со хотелски, градежни и  други бизниси.

Емилија Мисирлиевски