Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин предупреди дека ќе одговори доколку НАТО започне да ги вооружува Шведска и Финска

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија ќе одговори доколку НАТО почне да ја зајакнува воената инфраструктура на Шведска и Финска, кои одлучија да и се придружат поради конфликтот во Украина.

Што се однесува до проширувањето – новите членки вклучувајќи ги Финска и Шведска – Русија, би сакал да ве потсетам, драги колеги – нема никаков проблем со тие земји. Затоа, не постои непосредна закана за Русија со вклучување на тие земји. Но, проширувањето на воената инфраструктура над таа територија очигледно ќе бара наш одговор. И ќе утврдиме каков е тој одговор врз основа на создадените закани, изјави Путин.

Шведската премиерка, Магдалена Андерсон, денеска и официјално соопшти дека Шведска ќе и се придружи на Финска во аплицирањето за членство во НАТО, во време на руска инвазија на Украина. Андерсон за време на обраќањето пред пратениците во парламентот во Стокхолм оваа одлука ја оцени за „историска промена во безбедносната политика на државата“.

Денеска во шведскиот парламент се расправаше за извештајот на работната група и заклучоците од неа, а нашироко беше потврдена поддршката за шведската апликација за членство во НАТО. По дебатата, владата на Шведска официјално одлучи да аплицира за членство во НАТО. Владата, исто така, донесе предлог-закон со предлози што, доколку биде усвоен, ќе ни овозможи да добиеме воена поддршка од сите НАТО за земјите членки на ЕУ во евентуална криза, изјави шведската премиерка Андерсон.

По изјавата на рускиот претседател Путин, официјален Пентагон соопшти дека мошне загрижувачки се заканите на Москва кои ги дава за најавата на Финска и Шведска дека ќе влезат во НАТО.

„Соединетите Американски Држави се подготвени, доколку е потребно, да ги снабдат Финска и Шведска со воена опрема додека чекаат да бидат примени во НАТО“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Од почетокот на војната во Украина, Финска и Шведска по повеќедецениска воена неутралност, повлекоа драстичен потег и рекоа дека сакаат да бидат членки на НАТО. На ваквата одлука реагираше Турција која рече дека ќе го поддржи нивното членств во НАТО доколку престанат да ги поддржуваат терористичките организации во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција.

Мартин Николовски