Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шолц рече дека нема знаци за неизбежен крај на војната во Украина

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не гледа знаци за неминовен крај на војната во Украина и предупреди дека понатамошната ескалација останува можна.

Засега нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно да се стави крај на конфликтот „што е можно поскоро“, изјави Шолц вчера за германската телевизија РТЛ, додавајќи дека исто така стравува дека може да има „ескалација на војната“.

„Треба да бидеме способни да носиме разумни, многу добро информирани и исто така многу храбри одлуки – и тоа го правиме“, рече Шолц, повторувајќи дека нема да донесе одлука што ќе доведе до директен конфликт меѓу НАТО и Русија.