Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: На Украина и се потребни нејзините херои за да преживее

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека евакуацијата на борците на Азовстал на територијата под контрола на сепаратистите им ги спасила животите, објави Асошиетед прес.

Повеќе од 260 украински борци, вклучително и некои тешко повредени, вчера беа евакуирани од фабриката за челик Мариупол и однесени на територијата под руска контрола, соопштија украинските вооружени сили.

„Вкупно 53 ранети украински војници се евакуирани во болница во Новоазовск, а уште 211 се пренесени во Оленовка“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар.

Таа додаде дека ќе започне процедура за размена на сите евакуирани без да даде повеќе детали.

„На Украина и требаат украински херои за да преживее. Ова е нашиот принцип“, рече Зеленски во вечерното обраќање.

„Нашите вооружени сили и разузнавачки служби започнаа операција за спасување на бранителите на Мариупол. Работата за враќање на момчињата дома продолжува и бара деликатес и време“, додаде тој.

Украинската воена команда рано утринава соопшти дека завршила мисијата за заштита на опколената фабрика за челик Азовстал од „хероите на нашето време“ во стратешкото јужно пристаниште Мариупол и ветила дека ќе ги спаси војниците кои се уште се заробени, објави Ројтерс.